АМЕРИКАНЦИТЕ ГО СПАСУВААТ ДЕЛЧЕВО ОД ПОПЛАВИ

    АМЕРИКАНЦИТЕ ГО СПАСУВААТ ДЕЛЧЕВО ОД ПОПЛАВИИзградбата на новата атмосферска канализација е дел од учеството на општината во Проектот на УСАИД за општински стратегии за климатски промени, спроведен од „Милиеуконтакт Македонија“.

    Во Делчево заврши изградбата на нова атмосферска канализација, финансирана од УСАИД и општината, со што е намален ризикот од потенцијални штети од поплави.

    Мисијата на Американската државна агенција за меѓународна помош во проектот учествуваше со 58.930 долари, а Општина Делчево со 30.978 долари.

    kanalizacija-delcevo

    Од работните активности на новата атмосферска канализација во Делчево, финансирана од УСАИД и општината.

    Изградбата на новата атмосферска канализација е дел од учеството на општината во Проектот на УСАИД за општински стратегии за климатски промени, спроведен од „Милиеуконтакт Македонија“.

    „Во текот на изминатите четири години, работевме заедно со нашите партнери во Македонија на идентификување и ефективно управување со ризиците поврзани со промените на климата. Меѓу најопасните од овие ризици се оние поврзани со екстремни временски настани“, изјави директорот на мисијата на УСАИД, Џејмс Стајн.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира