ИЛЈАДНИЦИ ГРАЃАНИ ГИ БЛОКИРАА ТРИТЕ МОСТА ВО НОВИ САД, СТУДЕНТИТЕ ОД БЕЛГРАД СТИГНАА ПЕШКИ

    ИЛЈАДНИЦИ ГРАЃАНИ ГИ БЛОКИРАА ТРИТЕ МОСТА ВО НОВИ САД, СТУДЕНТИТЕ ОД БЕЛГРАД СТИГНАА ПЕШКИНекои српски медиуми велат дека ова е најголемиот протест во историјата на Нови Сад (Фото: Ј. Коларов за СДК.МК)

    Со голем граѓански собир и блокада на три моста во Нови Сад, денеска се одбележуваат три месеци од уривањето на настрешницата на железничката станица, кога загинаа 15 луѓе. Оваа трагедија поттикна повеќемесечни студентски протести и блокади, кои продолжуваат и откако оставки поднесоа премиерот Милош Вучевиќ и градоначалникот на Нови Сад, Милан Ѓуриќ.

    Во 15 часот започна блокадата на трите моста во Нови Сад. Планирано е два од нив да бидат блокирани три часа, додека блокадата на Мостот на слободата ќе трае 24 часа. Весникот „Данас“ процени дека ова е можеби најголемиот протест во историјата на Нови Сад. Бројни граѓани, дојдени од целата земја, се собрани и покрај реката.

    На новосадските студенти вчера им се придружија студентите од Белград, кои пешки или на велосипеди стигнаа до Нови Сад. Студентите апелираа протестот да помине мирно и без инциденти.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира