ДЕЛОВИ ОД КАНАДА ЌЕ ПРЕСТАНАТ ДА ПРОДАВААТ АМЕРИКАНСКО ВИСКИ ПО ЦАРИНИТЕ ВОВЕДЕНИ ОД ТРАМП

    ДЕЛОВИ ОД КАНАДА ЌЕ ПРЕСТАНАТ ДА ПРОДАВААТ АМЕРИКАНСКО ВИСКИ ПО ЦАРИНИТЕ ВОВЕДЕНИ ОД ТРАМПВо Онтарио годишно се продавале американски пива и жестоки пијалаци во вредност од милијарда долари (Фото: Гети)

    Канаѓаните кои се љубители на американското виски во следните денови можеби ќе мора да се откажат од својот омилен пијалак, како „Џек Даниелс“ и „Џим Бим“.

    Даг Форд, лидерот на најнаселената канадска провинција Онтарио, им нареди на сите продавници за алкохол да престанат да продаваат американски алкохол од вторник, како одговор на царините што ги воведе Доналд Трамп.

    Форд напиша на Икс дека во Онтарио годишно се продаваат американски пива и жестоки пијалаци во вредност од милијарда долари.

    Нема веќе“, кажа Форд, додавајќи дека сите американски производи ќе бидат повлечени од продавниците и рестораните во Онтарио.

    Ваква одлука донесоа и властите на Нова Шкотска, додека Британска Колумбија кажа дека ќе престане да продава алкохол од таканаречените црвени сојузни држави, односно оние во кои што победи Републиканската партија на последните избори.

    Доналд Трамп предупреди дека царините воведени за Канада, Мексико и Кина би можеле да им предизвикаат болка на Американците, но дека биле неопходни. Канада веќе возврати со идентични царини од 25%, а ваква мерка најави и Мексико.

    САД имаат голем трговски дефицит со Канада, Мексико и Кина и со речиси сите други држави. Веќе нема да бидеме ‘Глупавата Држава‘. Ова ќе биде златна доба на Америка“, кажа Трамп.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира