БАЛТИЧКИТЕ ЗЕМЈИ ГИ ПРЕКИНАА ВРСКИТЕ СО РУСКАТА ЕЛЕКТРИЧНА МРЕЖА И ЌЕ СЕ ПОВРЗАТ СО ЕУ

    БАЛТИЧКИТЕ ЗЕМЈИ ГИ ПРЕКИНАА ВРСКИТЕ СО РУСКАТА ЕЛЕКТРИЧНА МРЕЖА И ЌЕ СЕ ПОВРЗАТ СО ЕУТрите балтички земји потрошија речиси 1,6 милијарди евра за да ги подготват мрежите за одделување од Русија. (Фото: РТЛ)

    Литванија, Летонија и Естонија ги исклучија своите електрични мрежи од руската мрежа денеска, соопштија нивните оператори, како дел од планот трите земји да се интегрираат во мрежата на ЕУ и да ја засилат безбедноста. Трите балтички земји се исклучија од заедничката мрежа ИПС/УПС и по завршувањето на последните тестови, ќе се синхронизираат со мрежата на ЕУ утре во 13 часот по средноевропско време. Во меѓувреме, мрежите на трите земји ќе функционираат независно.

    „Ја постигнавме целта кон која што се стремевме толку долго. Сега, ние ја имаме контролата“, кажа литванскиот министер за енергетика Жигамантас Вачиунас.

    Плановите за одделување на трите балтички земји од мрежата на Русија, за кои што имаше дебата со деценија, почнаа да се реализираат по руската анексија на Крим во 2014 година. Електричната мрежа остана единствената врска на овие три поранешни советски републики со Русија, откако тие се приклучија на ЕУ и НАТО во 2004 година.

    За Русија, оваа одделување значи дека руската енклава Калининград, лоцирана меѓу Литванија, Полска и Балтичкото море, ќе биде отсечена од руската мрежа и ќе мора самостојна да обезбедува струја.

    Трите балтички земји потрошија речиси 1,6 милијарди евра за да ги подготват мрежите за одделување од Русија. Русија, во меѓувреме, потроши околу една милијарда евра за да изгради неколку гасни централи во Калининград.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира