ОРИГИНАЛНИОТ ПРАВИЛНИК ЗА СКИЈАЊЕ ОД 1930 ГОДИНА ПРОНАЈДЕН ПО ШЕСТГОДИШНА ПОТРАГА

a:1:{s:9:"td_source";s:29:"СентМориц,(ФИС)

    ОРИГИНАЛНИОТ ПРАВИЛНИК ЗА СКИЈАЊЕ ОД 1930 ГОДИНА ПРОНАЈДЕН ПО ШЕСТГОДИШНА ПОТРАГА

    Првиот официјален правилник за слалом и спуст од 1930 година, за кој долго време се мислеше дека бил изгубен е пронајден и дигитилизиран по шестгодишна меѓународна потрага. Секретарот на поткомитетот на Меѓународната скијачка федерација (ФИС) за правилата на алпското скијање, Мајкл Хубер од Кицбил, ја почна меѓународна истрага за да се пронајде книгата, а во истрагата му се приклучи и уредникот на годишникот на Швајцарскиот академски ски клуб САС „Шнехасе“, Иван Вагнер.

    Оригиналниот документ со правилата за алпско скијање сега е дигитализиран и достапен за јавноста. (Фото: ФИС)

    Оригиналниот документ со правилата за алпско скијање сега е дигитализиран и достапен за јавноста. (Фото: ФИС)

    Благодарение на нивното настојување, претходникот на Вагнер, Раул Имсенг, неодамна успеа да најде копија на првите „МЕЃУНАРОДНИ НАТПРЕВАРУВАЧКИ ПРАВИЛА ЗА СЛАЛОМ И СПУСТ ТРКИ“ од 1930 година, во компилацијата на едно старо издание на „Шнехасе“.
    Оригиналниот документ на германски веќе е преведен и на англиски. Сите достапни правилници на Алпската дисциплина од 1930 до 2016 година, се дигитално архивирани на интернет страница на ФИС и достапни за јавноста.

    Официјалното презентирање на овој правилник се одржи во кантри клуб „Клум“ во Сент Мориц во Швајцарија на почетокот на Светкото првенство во алпско скијање. Претседателот на ФИС, Жан-Франко Каспер им се заблагодари на сите кои биле вклучени во иницијативата, во присуство на секретарот на Светското првенство за скијање, Хуго Вецел.

    „Многу ми е мило што Швајцарскиот академски ски клуб (САС), еден од пионерите на Алпското скиање, успеа да понуди значајна помош во пронаоѓањето на првите Правила на алпското натпреварување на ФИС. Нo, тој што заслужува благодарност е мојот пријател и претходник, кој беше уредник на годишникот на САС „Дер Шнехасе’“, изјави Вангнер на презентацијата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира