ВО ЕГИПЕТ ОТКРИЕНА ПРВАТА ФАРАОНСКА ГРОБНИЦА ПО ПОВЕЌЕ ОД ЕДЕН ВЕК

    ВО ЕГИПЕТ ОТКРИЕНА ПРВАТА ФАРАОНСКА ГРОБНИЦА ПО ПОВЕЌЕ ОД ЕДЕН ВЕКБританско-египетски тим ја лоцираше гробницата во некрополата Теба близу градот Луксор

    Египтолозите ја открија првата гробница на фараон по онаа на Тутанкамон пред повеќе од еден век. Гробницата на Тутмос Втори беше последната неоткриена кралска гробница од 18. египетска династија.

    Британско-египетски тим ја лоцираше гробницата во некрополата Теба близу градот Луксор. Истражувачите претходно мислеле дека погребните одаи на фараоните од 18. династија се наоѓаат над два километра подалеку.

    Гробницата била пронајдена во област поврзана со последните почивалишта на кралски жени, но кога влегле во погребната одаја откриле украси својствени само за фараони.

    Дел од плафонот беше недопрен, син плафон со жолти ѕвезди. Такви плафони се наоѓаат само во гробниците на фараоните. Има и верски текст резервиран само за кралевите“, изјави директорот на истражувањето Пирс Литерленд.

    Истражувачите ги пронашле мумифицираните остатоци на Тутмос Втори пред два века, но неговото оригинално погребно место никогаш не беше лоцирано. Тутмос Втори бил потомок на Тутанкамон за кој се верува дека владеел од 1493 до 1479 пред нашата ера. Најпознат е како сопруг на кралицата Хатшепсут, првата жена фараон.

    Се испостави дека гробницата е целосно празна. Не затоа што била ограбена, туку зашто намерно била испразнета“, кажа Литерленд,

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира