РАЗГОВОРИТЕ ЗА ПРИМИРЈЕ ВО УКРАИНА БИ МОЖЕЛЕ ДА ПОЧНАТ ЗА НЕКОЛКУ НЕДЕЛИ, КАЖА МАКРОН ПО СРЕДБАТА СО ТРАМП

    РАЗГОВОРИТЕ ЗА ПРИМИРЈЕ ВО УКРАИНА БИ МОЖЕЛЕ ДА ПОЧНАТ ЗА НЕКОЛКУ НЕДЕЛИ, КАЖА МАКРОН ПО СРЕДБАТА СО ТРАМПМакрон е првиот европски лидер кој се сретнал со Трамп по неговото враќање во Белата куќа (Фото: АП)

    Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека разговорите за примирје и одржлив мир во Украина би можеле да почнат за неколку недели. Тој вчера стана првиот европски лидер кој се сретнал со Доналд Трамп по неговото враќање во Белата куќа, при што нагласи дека мир не смее да значи предавање на Украина.

    Во интервју за „Фокс њуз“, Макрон кажа дека разговарал со 30 други европски лидери и сојузници и повеќето од нив биле спремни да бидат дел од безбедносните гаранции за Украина.

    Работам со британскиот премиер Кир Стармер на предлог за испраќање мировни трупи во Украина“, откри Макрон, иако Русија во неколку наврати беше децидна дека нема да прифати војски на НАТО на територијата на Украина.

    Според него, најдобриот начин да се обезбеди американска посветеност кон украинскиот суверенитет е договор за ретки минерали, за кој моментално преговараат Киев и Вашингтон.

    За разлика од она што го зборат Макрон и Трамп, Владимир Путин вчера кажа дека договор за крај на војната во Украина сѐ уште не е така блиску.

    Путин изјави за руската државна телевизија дека Трамп пристапува кон оваа војна рационално и неемотивно, но навести дека таа можеби нема да заврши така брзо како што мисли американскиот претседател.

    Не разговаравме за мировниот договор во детали. Само се согласивме дека треба да продолжиме со разговори“, изјави рускиот претседател.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира