БРИСЕЛ ЗАКАЖА ИТЕН САМИТ НА ЕВРОПСКИТЕ ЛИДЕРИ НА 6 МАРТ ЗА ДА РАЗГОВАРААТ ЗА УКРАИНА

    БРИСЕЛ ЗАКАЖА ИТЕН САМИТ НА ЕВРОПСКИТЕ ЛИДЕРИ НА 6 МАРТ ЗА ДА РАЗГОВАРААТ ЗА УКРАИНАПретседателот на Европскиот совет Антонио Коста кажа дека ова е дефинирачки момент за Украина и европската безбедност (Фото: АП)

    Претседателот на Европскиот совет Антонио Коста кажа дека свикал видеоконференција на европските лидери за утре, во пресрет на вонредниот самит на 6 март. Коста изјави дека Емануел Макрон утре ќе ги информира европските лидери за својата средба со Доналд Трамп во Вашингтон.

    Коста закажа итна средба на европските лидери на 6 март за да разговараат за безбедноста на Европа и Украина.

    „Ова е дефинирачки момент за Украина и за европската безбедност. Во консултациите со европските лидери слушнав заедничка посветеност кон зајакнувањето на европската одбрана и кон долгорочната безбедност на Украина“, кажа Коста.

    Макрон вчера го посети Трамп во Белата куќа за да побара безбедносни гаранции за Украина, што уследи една недела откако САД најавија драстични промени во својата политика кон Европа и Украина. Трамп притоа го нарече Володимир Зеленски диктатор кој одбива да распише избори.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира