Четириесет пациенти со дебелина ќе може да се оперираат преку Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ) на Клиниката за дигестивна хирургија, рече денеска директорот на Клиниката, д-р Огнен Костовски. На денешната прес-конференција во чест на Светскиот ден на дебелината, министерот за здравство Арбен Таравари кажа дека ќе можат да се оперираат пациенти ако се обезни и имаат индикација за операција. Пациентите ќе бидат регрутирани преку двата Центра за обезност, кои се наоѓаат во Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ и на Клиниката за ендокринологија.
Според дирекорот на Ендокринологија, д-р Танер Хасан, за првпат се воведува ваква прилика, оние пациенти кај кои не е доволна фармаколошката терапија да бидат оперирани во Македонија, да не одат во странство.
„Во денешно време, сѐ повеќе хирурхијата станува една крајна инстанца и ексклузивитет. Од тие 40 пациенти, имаме 30 кои би биле за хируршко лекување и 10 за експандирачка капсула. На крајот на месецов или следниот, веќе би можел да најавам дека би почнале првите интервенции. Пациентите ќе бидат регрутирани преку центрите за дебелина, тоа се оние пациенти кои се рефрактерни на конзервативниот третман. Ние веќе го имаме формирано мултицисциплинарниот тим во соработка со Клиниката за ендокринологија и Клиниката за гастроентерохепатологија. За нив е обезбедена психолошка поддршка. По однос на нутриционистите, за почеток ќе биде Клиниката за гастроентерехепатологија. Хируршкиот тим е комплетно подготвен, двајца наши хирурзи беа во Малта на обука, имаме соработка со Центарот за мининална инвазивна хирургија во Ниш. Првите интервенции ќе бидат, вака пласично кажано, со странска рака. Не дека ние го немаме искуството, вакви интервнции се правени претходно , со тоа што сега ќе биде стандардизирање на процедурите. На овој начин ќе го третираме заболувањето како во светски рамки и благодарен сум што овие хируршки процедури се сфатија како заболување, а не како како естетика“, кажа д-р Костовски.
Таравари рече дека бројките за лица со дебелина во Македонија се сериозни, над 30-35 отсто се со обезност, тие што се со индекс на телесна тежина над 30, а во светот над милијарда. За 10 години, според проекците, таа бројка би требало да порасне за 50 отсто, значи 1,5 милијарди луѓе, и тоа не само во развиени држави, туку и во држави кои се во развој.
Министерот најави дека наското во Прилепската болница ќе се отвори амбуланта за давање третман и препораки на на лица кои се со обезност и оти се надева дека такви центри ќе се отворат и во другите клинички болници низ земјава.
Б. НЕСТОРОСКА