Најдебелиот пациент во Македонија има 288 килограми, кажа денеска д-р Ирфан Агмети од Научното здружение за обезност кое постои две години.
„Кога го испрашавме пациентот за анамнезата, тој рече: ‘Јас случајно паднав, се повредив, се загрижив и затоа дојдов во Центарот за дебелина’. Секогаш мора да има мотивација кај пациентот да го посети Центарот за менаџирање на обезност. Таму работи тим, се почнува со пријателско интервјуирање со пациентот за да сфати дека ние сме посветени и да имаме успех да го третираме и да ја намалиме тежината, па следи лабораторијата, поставување на други дијагнози што се поврзани со ова. Многу е важно да се направи права селекција и вистинските пациенти да дојдат“, кажа д-р Ахмети на прес-конференцијата во чест на Светскиот ден за борба против дебелината.
Според д-р Ахмети, треба сите да сфатиме дека обезноста е хронична болест, која има многу компликации и ако не се превенира доведува до смртност, инвалидитет. Обезноста не е индивидуална болест, вели тој, туку сите заеднички и Фондот за здравство, Институтот за јавно здравје, треба да се справиме со оваа хронична болест. Околу 215 милиони луѓе во светот имаат дијабет поради обезност, срцеви заболувања, хипертензија, преку 200 милиони луѓе имаат висок притисок поради дебелината, околу пет милиони луѓе умираат поради обезност.
„Посебна е загриженоста за обезноста кај децата, се прават големи напори да се отвори центар за менаџирање на обезноста на Детската клиника која ни е многу важна. Според статистиките на Институтот за јавно здравје, 14-15 отсто од децата се обезни, а кај возрасните тој процент е 20. Преку 50 отсто се надхранети и обезни. Обезноста, за жал, расте кај земјите во развој, односно со среден раст, како што е нашата земја. Целта е навремено да се влијае во сите системи. пристапот не е индивидуален, првенствено едукација од страна на училиштата за здрав начин на исхрана, физичка активност. Вклучувањето на сите сгементи од здравство е многу важно“, кажа тој.
- ДЕБЕЛИ СЕ НАД 30 ОТСТО ОД ДЕЦАТА ОД 6-9 ГОДИНИ, ИНСТИТУТОТ ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕ БАРА ДАНОЦИ ЗА ЗАСЛАДЕНИ ПИЈАЛОЦИ И ЗАБРАНА ЗА РЕКЛАМИРАЊЕ ХРАНА СО ВИСОКА СОДРЖИНА ШЕЌЕР, СОЛ И ТРАНС-МАСТИ
- 40 ПРЕКУМЕРНО ДЕБЕЛИ ПАЦИЕНТИ ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ОПЕРИРААТ НА ДРЖАВЕН ТРОШОК НА КЛИНИКАТА ЗА ДИГЕСТИВНА ХИРУРГИЈА
Б. НЕСТОРОСКА