БИТОЛА ОСТАНА БЕЗ ФУДБАЛСКИ НАТПРЕВАРИ, ОПШТИНАТА СЕ КАРА СО „ПЕЛИСТЕР“

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:45:"Битола,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    БИТОЛА ОСТАНА БЕЗ ФУДБАЛСКИ НАТПРЕВАРИ, ОПШТИНАТА СЕ КАРА СО „ПЕЛИСТЕР“

    Стадионот „Под Тумбе Кафе“ во Битола остана без соблекувални, па наместо дома натпреварите ФК „Пелистер“ ќе ги игра во гости. Ова беше запишано во соопштението што со  меморандум  ФК „Пелистер“ денес беше испратено до медиумите. Во соопштението се посочува дека Општина Битола која е сопственик на стадионот не најде за сходно да одговори на клупските повици и барања за елементарно оспособување на соблекувалните, согласно пропишаните критериуми.

    „Информираме дека и  покрај сите напори од Управата на клубот, раководството и спонзорите на ФК ‘Пелистер’ во изминатите два месеца во врска со навремено реновирање на соблекувалните , не вроди со плод. За жал, можеме да констатираме дека поради ваквиот однос на Општина Битола кон ФК ‘Пелистер’ клубот е принуден на изнудени ад хок решенија (за играње на домашни натпревари во други градови) кои се директна штета на патот кон фудбалска Европа од градот Битола, место каде што клубот треба да игра“, пишува во соопштението, кое известува и дека „Пелистер “ саботниот меч со „Брегалница“ од Штип ќе го одигра во спортскиот центар „Атина Бојаџи“ во Охрид.

    „Нема рок кога ќе има услови за користење на соблекувалните. Сѐ до решавање на проблемот со немање на елементарни услови за тренирање и одигрување натправари во Битола ќе бидеме постојано гости и ќе немаме предност на домашна екипа“, се вели во соопштението.

    Од фудбалскиот клуб не демантираа дека соопштението е од раководството.

    „САКАМ ДА КАЖАМ“ дознава дека фудбалерите не само што ќе ги играат домашните натпревари во гости, туку и тренираат на стадионот во село Кравари.

    Од Општина Битола претпоставуваат дека соопштението во име на ФК „Пелистер“ е објавено од неовластени лица од Управата.

    „Општина Битола е соосновач во ФК Пелистер со учество од 25% удел и партиципира со 2 члена во органите на Управата. Членови на Управата и раководните лица на општината, координирано се во завршна фаза на изнаоѓање решение за времено обезбедување на минимално-технички услови за реализација на спортските активности на ФК ‘Пелистер’. Ваквите соопштенија во јавноста не се во насока на поддршката на видниот развој на спортот во Битола, посебно фудбалот, и ФК ‘Пелистер’ и најверојатно се со други побуди. Се надеваме дека ваквите соопштенија се изолирани и нема да придонесат во нарушување на коректните односи помеѓу соосновачите“, пишува во соопштението од Општина Битола.

    Ситуацијата ги револтира фудбалските навивачи од Битола.

    „Пелистер после долги години е при самиот врв, после 16 години имаме шанса за куп титула, нешто за кое сите сонуваме, имаме респектабилен тим кој можи да му се спротистави на кој било тим…А ние сѐ уште се занимаваме со примитивен проблем – стадионот не е во функција и нема најобични соблекувални“, напишаа навивачите Чкемабри на нивата фејсбук страна.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира