ВУЧИЌ ГО ПРЕДЛОЖИ ЛЕКАРОТ ЃУРО МАЦУТ ЗА НОВ ПРЕМИЕР НА СРБИЈА

    ВУЧИЌ ГО ПРЕДЛОЖИ ЛЕКАРОТ ЃУРО МАЦУТ ЗА НОВ ПРЕМИЕР НА СРБИЈАМацут важи за еден од водечките ендокринолози во Србија (Фото: Танјуг)

    Александар Вучиќ го предложи лекарот Ѓуро Мацут за мандатар на новата српска влада. Тој кажа дека Мацут ги поседува сите потребни професионални и лични квалитети, како и стручност и посветеност за да биде претседател на владата.

    „Ме увери дека може да обезбеди мнозинство за избор на новата влада“, изјави Вучиќ.

    Тој очекува новата влада да биде избрана до Велигден за две недели. Последниот рок за избор на новата влада е 18 април.

    Мацут треба да го наследи Милош Вучевиќ, кој поднесе оставка кон крајот на јануари, велејќи дека е одговорен за нападот врз студенти во Нови Сад. Парламентот ја потврди неговата оставка дури на 19 март.

    Мацут важи за еден од водечките ендокринолози во Србија и е доктор по медицински науки. Тој е редовен професор по интерна медицина и ендокринологија на Медицинскиот факултет во Белград.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира