Две средни училишта во Скопје утрово добиле пораки на електронските пошти дека е поставена експлозивна направа.
„На 08.04.2025 во СВР Скопје од две училишта во Скопје е пријавено дека на електронските адреси добиле дојава за наводно поставена експлозивна направа. Веднаш се преземени соодветни мерки и активности, извршени се потребните проверки и утврдено е дека се работи за лажни пријави“, велат од МВР.
На 7 февруари повеќе од 240 основни и средни училишта во државава на своите електронски пошти добија дојави за подметнати бомби во објектите.
МВР на 25 февруари соопшти дека двајца 14-годишници од Скопје ги испратиле заканите за бомби во основни и средни училишта во Скопје. Малолетниците тогаш го признаа делото.