БУГАРСКИТЕ НЕОНАЦИСТИ МАРШИРАА СРЕДЕ СОФИЈА И ПОКРАЈ ЗАБРАНАТА

a:1:{s:9:"td_source";s:48:"Бугарија,(ТајмсофИзраел)

    БУГАРСКИТЕ НЕОНАЦИСТИ МАРШИРАА СРЕДЕ СОФИЈА И ПОКРАЈ ЗАБРАНАТА

    Марш во чест на сојузот на Бугарија со нацистичка Германија се одржа според планираното во Софија, иако градоначалничката ги забрани демонстрациите и имаше меѓународна осуда.

    Процесијата со факели позната како Луков марш, за спомен на бугарскиот воен министер и лидер на пронацистичката Унија на бугарските национални легии Христо Луков, се одржува секоја година од 2003, и покрај напорите на власта да ја спречи. Иако во последниве 3 години за маршот има значителни рестрикции – учесниците имаа дозвола само да положат венец пред куќата на Луков со Софија – овие услови се кршат и демонстрациите сепак се одржуваат.

    Демонстрантите маршираа без дозвола низ центарот на Софија, и вееја знамиња на Бугарија и на Бугарската национална унија, а имаше и знамиња на неонацистичка група од Полска. Според извештаите, на маршот учествуваа и полски државјани со криминално досие, овие ултранационалисти се поврзани со групи кои шират пронацистичка пропаганда.

    Пред маршот во саботата вечер еден демонстрант беше уапсен оти носел солзавец, а шестмина не добија дозвола да дојдат на зборното место оти биле пијани.

    Процесијата ја осудија сите страни на бугарскиот политички спектар, а соопштенија со осуда на маршот пред да се одржи издадоа  амбасадите на Израел и на САД.

    „Генерал Луков и неговите денешни следбеници изразуваат фашистички, профашистички, расистички и антисемитски ставови кои треба да бидат забранети на јавно место“, се вели во официјалното соопштение на Израелската амбасада.

    Израелскиот амбасадор изјави за бугарската државна телевизија дека за вакви демонстарции полни со омраза против малцинствата, имигрантите и Евреите нема место во демократско општество.

    По маршот, Светскиот еврејски конгрес изрази загриженост што и покрај забраната од власта не успеа да се спречи „таков израз на омраза и антисемитизам“.

    Претседателот на Еврејската заедница во Бугарија изјави дека „самото постоење на овој марш е срам за европски главен град кој за помалку од една година ќе биде домаќин на бугарското претседателство на Советот на ЕУ“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира