ЗАРОБИВМЕ ДВАЈЦА КИНЕЗИ КОИ СЕ БОРЕЛЕ ЗА РУСИЈА ВО ДОЊЕЦК, КАЖА ЗЕЛЕНСКИ

    ЗАРОБИВМЕ ДВАЈЦА КИНЕЗИ КОИ СЕ БОРЕЛЕ ЗА РУСИЈА ВО ДОЊЕЦК, КАЖА ЗЕЛЕНСКИЗеленски кажа дека наредил да се побара објаснување од Пекинг (Фото: АА)

    Володимир Зеленски објави дека украинските сили заробиле двајца кинески војници кои се бореле за Русија во источна Украина. Тој кажа дека украинската војска се борела против шестмина кинески војници во Доњецк, од кои двајца биле заробени.

    Наредив да се побара објаснување од Пекинг. Имаме информации дека многу повеќе кинески државјани се борат во редовите на окупаторските единици. Сега имаме и факти за тоа“, изјави Зеленски, кој објави кратко видео со заробениците.

    Кина е сојузник на Русија и беше обвинувана дека ѝ помага за војната во Украина, но Пекинг негираше дека ја снабдува руската војска со оружје и опрема.

    Вмешаноста на Кина во руската агресија, директна или индиректна, е јасен сигнал дека Путин ќе стори сѐ, само нема да ја заврши војната. Тој бара начини за продолжување на војната“, рече Зеленски.

    Борци од разни националности загинаа во Украина војувајќи на страната на Русија. На нив најчесто им се ветуваат високи плати и руско државјанство.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира