КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА ПРОГЛАСЕНА ЗА „НАЈДОБРА БАНКА ВО МАКЕДОНИЈА ЗА 2025” ОД МАГАЗИНОТ „ГЛОБАЛ ФАЈНЕНС”

    КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА ПРОГЛАСЕНА ЗА „НАЈДОБРА БАНКА ВО МАКЕДОНИЈА ЗА 2025” ОД МАГАЗИНОТ „ГЛОБАЛ ФАЈНЕНС”Со оваа награда Комерцијална банка повторно е во друштво на најдобрите банки во над 150 држави во светот, избрани во рамките на 32. издание на годишните награди на „Глобал фајненс”. 

    Во годината кога одбележува значаен јубилеј, 70 години постоење, Комерцијална банка е прогласена за „Најдобра банка во Македонија за 2025 година“ од угледниот магазин „Глобал фајненс”, соопштија од банката. Оваа престижна награда Банката ја добива по 14. пат, што е уште една потврда за нејзиниот континуиран развој, стабилност, иновации, грижа за клиентите и придонес за економијата.

    Со оваа награда Банката се истакнува со својата посветеност на потребите на клиентите во услови на динамичност на пазарите и со своите силни резултати кои претставуваат темел и за иден успех.

    „Признанието од ‘Глобал фајненс’, особено во оваа јубилејна година, претставува силна потврда за нашето одржливо и успешно работење. Горди сме што сме препознаени како банка која создава вредност, покажува одговорност и има јасна визија за иднината. Оваа награда е резултат на посветената работа на целиот наш тим и на тоа што постојано се стремиме да ги подобриме производите и услугите и да се прилагодиме на современите потреби на граѓаните и на компаниите“, изјави по повод наградата Хари Костов, Главен извршен директор и Претседател на Управниот одбор на Комерцијална банка.

    Со оваа награда Комерцијална банка повторно е во друштво на најдобрите банки во над 150 држави во светот, избрани во рамките на 32. издание на годишните награди на „Глобал фајненс”.

    „Глобалното банкарство продолжува да се прилагодува и да се развива, одговарајќи на предизвиците и капитализирајќи ги можностите со издржливост и иновации. Вештачката интелигенција брзо презеде клучна улога во трансформацијата на банкарството и нејзиниот развој ветува дека ќе го преобликува финансискиот сектор со невидено темпо. Наградата на Global Finance за најдобра банка им оддава чест на финансиските институции кои се истакнуваат со диверзитет во понудата, долгорочна стабилност и технолошки иновации“, изјави Џозеф Д. Џарапуто, основач и уреднички директор на „Глобал фајненс”.

    При изборот на најдобрите банки, „Глобал фајненс” ги разгледа квантитативните фактори, како што се раст на активата, профитабилност, стратешки односи, развој на нови бизниси и иновации во производи, како и мислењата на финансиски аналитичари, финансиски директори, банкари и банкарски консултанти од целиот свет. Наградите од магазинот „Глобал фајненс”се сметаат за стандард за извонредност од страна на меѓународната финансиска заедница.

    Од банката велат дека континуираните признанија што Комерцијална банка ги добива од водечки светски магазини, како што се „Д Бенкер”, „Јуромани” „Глобал фајненс” ги мотивираат и во иднина да го движат банкарството напред – преку нови идеи, современи решенија и стабилен развој, со што ги носат придобивките до секој клиент и до целото општество.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира