Попладнево се запали плац со стари возила позади Психијатриската болница во Бардовци, Скопско. Од скопската Противпожарна служба велат дека се запалени пет коли, а нема повредени ниту е зафатената болницата.
„Пожарот е изгаснат. Се интервенираше со 4 возила и 10 пожарникари. Станува збор за стари коли од кои се препродавале делови”, велат од Пожарната.
А. АНТЕВСКА