БЕРЗИТЕ ЖИВНАА ПО ОДЛУКАТА НА ТРАМП ДА ГИ ОДЛОЖИ ЦАРИНИТЕ, КИНА ВЕЛИ ДЕКА НЕМА ДА ПОПУШТИ ПРЕД ПРИТИСОКОТ ОД САД

    БЕРЗИТЕ ЖИВНАА ПО ОДЛУКАТА НА ТРАМП ДА ГИ ОДЛОЖИ ЦАРИНИТЕ, КИНА ВЕЛИ ДЕКА НЕМА ДА ПОПУШТИ ПРЕД ПРИТИСОКОТ ОД САДФинансиските пазари се враќаат по најнестабилната епизода од пандемијата на ковид-19 (Фото: АП)

    Трговската војна на Доналд Трамп со Кина денеска влезе во нова фаза откако во сила стапија одмаздничките кинески царини за САД од 84%, неколку часа откако американскиот претседател ненадејно ги паузираше повисоките царини на 90 дена. Оваа одлука се однесува на сите држави освен Кина, на која Трамп дури ѝ ги зголеми царините од 104% на 125%.

    Финансиските пазари живнаа по вчерашната објава на Трамп, по најнестабилната епизода од пандемијата на ковид-19. Тајванската берза забележа раст од 9,2% утрово, јапонскиот индекс Никеи 225 порасна за 7,2%, а јужнокорејскиот Коспи за повеќе од 5%. Австралиската берза оствари скок од над 6%.

    Индексот Дау на Вол стрит порасна за речиси 8% по објавата на Трамп, а технолошкиот индекс Насдак за 12,2%, што му е најдобриот ден во последните 24 години.

    Сепак, царините за кинескиот увоз сега изнесуваат 125% и Пекинг вети дека ќе се бори до крај. Весникот „Чајна дејли“ синоќа објави дека попуштањето пред американскиот притисок не доаѓа предвид.

    Се надеваме дека во одреден момент во блиска иднина Кина ќе сфати дека деновите на рушење на САД и другите земји повеќе не се одржливи или прифатливи“, кажа Трамп вчера.

    Тој го промени своето мислење околу царините еден ден откако на републиканска донаторска вечера кажа дека „добро знае што прави“ и дека светските лидери му се јавуваат и му го бакнуваат газот со надеж дека ќе се договорат.

    Американскиот министер за финансии Скот Бесент појасни дека одложувањето било планирано цело време со цел државите да се донесат на преговарачка маса. Иако инсистираше дека никогаш нема да ги промени своите политики, Трамп вчера кажа:

    Мора да бидете флексибилни“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира