ТРАМП ГО ОБВИНИ ЗЕЛЕНСКИ ЗА ПОЧЕТОКОТ НА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ПО КРВАВИОТ РУСКИ НАПАД ВРЗ СУМИ

    ТРАМП ГО ОБВИНИ ЗЕЛЕНСКИ ЗА ПОЧЕТОКОТ НА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ПО КРВАВИОТ РУСКИ НАПАД ВРЗ СУМИТрамп не ја обвини Русија за нападот врз Суми, туку само кажа дека нападот бил грешка (Фото: Гети)

    Доналд Трамп го обвини Володимир Зеленски за почетокот на војната со Русија, ден по рускиот ракетен напад врз Суми, во кој загинаа 35 луѓе. Тој кажа дека Зеленски ја дели вината со Владимир Путин и Џо Бајден за милиони мртви во војната во Украина.

    Не почнуваш војна со некој кој е 20 пати поголем од тебе и потоа се надеваш дека други ќе ти дадат проектили“, изјави Трамп пред новинарите во Белата куќа.

    Американскиот претседател ги даде овие коментари откако меѓународната заедница едногласно го осуди завчерашниот напад со балистички проектили врз Суми. Русија тврди дека погодила средба на украински војници, но не понуди докази за тоа. Трамп не ја обвини Русија, туку само кажа дека нападот бил грешка.

    Милиони луѓе се мртви поради тројца луѓе. Путин нека биде број еден, потоа Бајден, кој немаше поим што по ѓаволите прави и Зеленски на третото место“, кажа Трамп.

    Се верува дека стотици илјади луѓе загинале во војната досега, не милиони, иако точната бројка тешко може да се процени.

    Доведувајќи ја во прашање компетентноста на Зеленски, Трамп рече тој цело време само бара проектили.

    Кога почнуваш војна, мора да знаеш дека ќе победиш“, додаде Трамп, навестувајќи дека наскоро ќе изнесе предлози за крај на војната.

    Пред нападот на Суми, Зеленски го покани Трамп во Украина, со цел самиот да се увери во уништувањата што ги донесе руската агресија.

    Ве молам, пред да донесете каква било одлука, пред какви било преговори, дојдете да ги видите луѓето, цивилите, воините, болниците, црквите мртви или уништени“, кажа Зеленски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира