СРПСКИТЕ СТУДЕНТИ ПО 12 ДЕНА ВОЗЕЊЕ СО ВЕЛОСИПЕДИ ПРИСТИГНАА ВО СТРАЗБУР, ЌЕ БАРААТ ПОДДРШКА ОД ЕУ

    СРПСКИТЕ СТУДЕНТИ ПО 12 ДЕНА ВОЗЕЊЕ СО ВЕЛОСИПЕДИ ПРИСТИГНАА ВО СТРАЗБУР, ЌЕ БАРААТ ПОДДРШКА ОД ЕУКонвојот тргна од Нови Сад на 3 април и на пат за Франција помина низ Унгарија, Словачка, Австрија и Германија (Фото: СДК.МК)

    По 12 дена возење, група од 80 српски студенти синоќа пристигна со велосипеди во Стразбур, со цел да го свртат вниманието на Европската Унија кон она што се случува во Србија. На крајот од својот пат долг повеќе од 1.400 километри, тие беа пречекани од стотици сонародници на главниот плоштад Кеблер, а последните метри ги поминаа по црвен тепих, што беше поставен специјално за нив.

    Студентите се клучна сила зад блокадите и речиси секојдневните протести и маршеви во Србија кои ја разнишаа цврстата власт на Александар Вучиќ, но иако имаат голема поддршка дома, тие се жалат дека досега немаат добиено доволно поддршка од ЕУ, па затоа се решија на ваков подвиг.

    Студентите денеска планираат прошетка до Советот на Европа, Европскиот парламент и Европскиот суд за човекови права, за, како што кажаа, да им испратат силна порака за правда, демократија и крај на неказнивоста.

    Конвојот велосипедисти тргна од Нови Сад на 3 април. На пат за Франција, студентите возеа 100-150 километри на ден, при што поминаа низ Унгарија, Словачка, Австрија и Германија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира