Во новоизградена зграда на улица Козле во Општина Карпош изграден е уште еден спрат и четири станови без дозвола. Станарите побарале од Општината дозвола за да изградат кос покрив оти наводно им течело вода при врнежи, но почнале да си градат станови.
„Просторот е поделен на четири дела со подготовки за кујни и тоалети, што јасно укажува на обид да се направат уште четири нови станови, и незаконски да се добие уште еден кат во објектот. Инспекторот изготви записник, а ќе следи и решение за уривање, или обврска граѓаните сами да ја отстранат оваа дивоградба. Контрола направивме и во гаражниот простор, каде повторно се утврдија градежни активности спротивно на одобрението“, вели градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски.
Од Општината велат дека продолжуваат со инспекциите и следна на ред е зградата на улица Никола Парапунов и гаражниот простор.