УКРАИНА ОБЈАВИ ДЕКА ПОТПИШАЛА НАЦРТ-ДОГОВОР ЗА МИНЕРАЛИ СО САД, ЌЕ БИДЕ ОФИЦИЈАЛИЗИРАН СЛЕДНАТА НЕДЕЛА

    УКРАИНА ОБЈАВИ ДЕКА ПОТПИШАЛА НАЦРТ-ДОГОВОР ЗА МИНЕРАЛИ СО САД, ЌЕ БИДЕ ОФИЦИЈАЛИЗИРАН СЛЕДНАТА НЕДЕЛАКонечниот договор ќе вклучи инвестициски фонд за обнова на Украина (Фото: АП)

    Украинската влада објави дека потпишала нацрт-договор за минерали со САД. Министерката за економија Јулија Свириденко изјави дека ова ќе отвори врати за економски партнерски договор, додавајќи дека конечниот договор ќе вклучи инвестициски фонд за обнова на Украина.

    На вчерашната средба со италијанската премиерка Џорџа Мелони, Доналд Трамп најави дека договорот за минерали и официјално ќе биде потпишан следната недела. Свириденко не објави детали од договорот.

    Среќни сме што можеме да го објавиме потпишувањето на меморандум за намери со нашите американски партнери, кој го отвора патот за договор за економско партнерство и формирање на инвестициски фонд за обнова на Украина“, напиша Свириденко на Икс.

    Американскиот министер за финансии Скот Бесент, кој исто така потпиша нацрт-договор, кажа дека деталите и натаму се разработуваат.

    Во суштина, тоа е она што го договоривме претходно со претседателот Зеленски. Целосниот договор ќе биде на 80 страници и ќе го потпишеме следната недела“, кажа Бесент.

    Зеленски се надеваше дека со овој договор ќе добие безбедносни гаранции за Украина во случај да се постигне примирје со Русија, но неговиот план пропадна кога вербално се судри со Трамп во Белата куќа во февруари.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира