ПУТИН ПРОГЛАСИ ВЕЛИГДЕНСКО ПРИМИРЈЕ ВО УКРАИНА

    ПУТИН ПРОГЛАСИ ВЕЛИГДЕНСКО ПРИМИРЈЕ ВО УКРАИНАПутин кажа дека се надева дека Киев ќе го следи рускиот пример (Фото: АП)

    Владимир Путин прогласи краткотрајно велигденско примирје во Украина, кое треба да трае до утре на полноќ по локално време. Засега нема реакција од Володимир Зеленски, но Кремљ кажа дека се надева дека Киев ќе го следи рускиот пример.

    Примирјето би требало да почне денеска во 18 часот по локално време.

    Наредив прекин на сите воени операции во Украина за време на траењето на примирјето и очекувам и Украина да постапи исто. Сепак, руските трупи ќе бидат спремни да одговорат на сите провокации и нарушувања на примирјето“, кажа Путин во видео објавено на интернет.

    Руското министерство за одбрана соопшти дека одлуката за примирје е водена од хуманитарни размислувања.

    Путин прогласи привремено примирје ден откако Доналд Трамп предупреди дека САД ќе се повлечат од мировните разговори за Украина ако наскоро нема јасен напредок.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира