Владимир Путин навести дека е спремен за директни билатерални разговори со Володимир Зеленски за првпат од раната фаза на војната во Украина.
„Русија секогаш гледала позитивно на какви било мировни иницијативи. Се надеваме дека и претставниците на киевскиот режим размислуваат на ист начин“, кажа Путин.
Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, појасни дека коментарите на Путин укажуваат на подготвеност за директни разговори со Киев за ненапаѓање цивилни цели. Зеленски не одговори директно на коментарите на Путин, туку кажа дека Украина е спремна за секакви разговори со цел да се заштитат цивилите.
Досега немаше директни разговори помеѓу Москва и Киев откако Путин нареди целосна инвазија врз Украина во февруари 2022.
„На Украина ѝ треба јасен одговор од Москва дали се согласува да запрат нападите врз цивилната инфраструктура“, кажа Зеленски ноќеска.
Украина ќе учествува во разговорите со САД и европските земји оваа недела во Лондон, кои следуваат по средбата во Париз минатата недела. И Русија и Украина се наоѓаат под засилен притисок од САД, при што Доналд Трамп се закани со напуштање на мировните разговори ако наскоро нема јасен напредок.