Пратеникот и поранешен вицепремиер и потпретседател на СДСМ Фатмир Битиќи, пријавил во МВР грабеж во неговиот дом за време на велигденските празници.
Кражбата, според она што го пријавил Битиќи, се случила во периодот од 18 до 21 април, во период додека Битиќи и семејството не биле дома за празниците. Непознати сторители насилно влегле во објектот, со употреба на алат и сила ја скршиле вратата. Биле украдени сеф и други вредни предмети.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.