НЕМАШЕ КОМЕМОРАТИВНА СЕДНИЦА ЗА ЗАГИНАТИТЕ ВО КОЧАНИ ЗАШТО ЌЕ СЕ ОТВОРЕШЕ ПРАШАЊЕ ЗОШТО НЕМАШЕ И ЗА МОДУЛАРНАТА И ЗА „БЕСА ТРАНС“, РЕЧЕ ГАШИ

    НЕМАШЕ КОМЕМОРАТИВНА СЕДНИЦА ЗА ЗАГИНАТИТЕ ВО КОЧАНИ ЗАШТО ЌЕ СЕ ОТВОРЕШЕ ПРАШАЊЕ ЗОШТО НЕМАШЕ И ЗА МОДУЛАРНАТА И ЗА „БЕСА ТРАНС“, РЕЧЕ ГАШИСобранискиот спикер Африм Гаши негираше дека пратениците биле на двонеделен одмор по пожарот, туку дека оделе на работа. (Фото: СДК.МК)

    Претседателот на Собранието Африм Гаши на новинарските критики и забелешки дека по пожарот со 62 загинати во Кочани на 16 март Собранието се сокри, пратениците си зедоа две недели одмор и немаше закажано комеморативна седница, рече дека за ова прашање донесена била колективна одлука од сите пратенички групи.

    „Сакам да истакнам дека на ова прашање дали да има комеморативна седница или не, му пријдовме со големо внимание. На состанок со координаторите на пратеничките групи јас го поставив прашањето и по дискусијата заклучивме дека ако закажам комеморативна седница за трагедијата во Кочани, ќе се отвори прашање зошто немаше комеморативна и за жртвите во пожарот во модуларната болница во Тетово, за жртвите во несреќата во Бугарија и други”, одговори Гаши на денешниот новинарски брифинг.

    Тој негираше дека пратениците биле на двонеделен одмор по пожарот, туку дека оделе на работа.

    Прашан дали донираат, Гаши рече дека се договориле секој пратеник сам да донира за настраданите и за повредените и тоа да не биде јавно.

    Автобус на „Беса транс“ удри во оградата на автопатот „Струма“ кај село бугарското село Боснек во раните утрински часови на 23 ноември 2021 година. Веднаш по ударот автобусот се запали, при што загинаа 45 луѓе, а се спасија седум од патниците.

    На 8 септември 2021 година избувна пожар во модуларната болница за ковид-19 пациенти во Тетово. Во пожарот загинаа 14 лица, од кои 12 пациенти, а двајца роднини на пациентите.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира