ПРОЕКТИЛОТ ШТО УБИ ОСУММИНА ВО РУСКИОТ НАПАД ВРЗ КИЕВ БИЛ СЕВЕРНОКОРЕЈСКИ, ВЕЛИ УКРАИНА

    ПРОЕКТИЛОТ ШТО УБИ ОСУММИНА ВО РУСКИОТ НАПАД ВРЗ КИЕВ БИЛ СЕВЕРНОКОРЕЈСКИ, ВЕЛИ УКРАИНАВо денешниот напад се погодени и станбени згради (Фото: АП)

    Оружјето што уби најмалку осум луѓе во денешниот руски воздушен напад врз Киев бил севернокорејски проектил „КН-23“, кажаа извори од украинската војска. Проектилот погодил станбена зграда во населбата Свјатошински западно од центарот на Киев и десетина луѓе и натаму се воделе како исчезнати до утрово, при што некои можеби биле затрупани од урнатините.

    Вкупниот број загинати во денешниот напад врз Киев во меѓувреме порасна на 12.

    Украина тврди дека Северна Кореја ја снабдила Русија со огромно количество гранати, како и со ракетни системи, што руската војска почнала да ги користи во војната од крајот на 2023. До почетокот на оваа година, Русија добила севернокорејски балистички проектили „КН-23“ и „КН-24“, велат украинските разузнавачи.

    КН-23“ се вооружени со боеви глави со тежина до еден тон, со што се помоќни од сличните руски проектили. По нападот, украинската војска објави дека Русија лансирала вкупно седум балистички проектили, од кои повеќето биле „искандер-М/КН-23“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира