ПОВЕЌЕМИНА МРТВИ И ПОВРЕДЕНИ ОТКАКО ВОЗИЛО ВЛЕТА НА УЛИЧЕН ФЕСТИВАЛ ВО ВАНКУВЕР

    ПОВЕЌЕМИНА МРТВИ И ПОВРЕДЕНИ ОТКАКО ВОЗИЛО ВЛЕТА НА УЛИЧЕН ФЕСТИВАЛ ВО ВАНКУВЕРПолицијата го уапси 30-годишниот возач кој со џип влетал во масата народ на филипински уличен фестивал во Ванкувер. (Фото: Ројтерс)

    Голем број луѓе загинаа, а повеќемина се повредени во Ванкувер откако возач со црн џип влетал во масата народ на филипински уличен фестивал во западниот канадски град, соопшти полицијата. Возачот, 30-годишник, е приведен, соопшти полицијата во објава на социјалната мрежа Х, без да даде повеќе детали.

    Шефот на полицијата кажа дека возачот бил фатен од луѓето на улицата пред да дојде полицијата. Жртвите се пренесени во повеќе болници во регионот.

    На прашањето дали полицијата бара некој друг, шефот на полицијата рече дека има еден осомничен, едно возило. Тој не одговори дали 30-годишниот осомничен има криминално досие, но рече дека ѝ бил познат на полицијата во одредени околности.

    Инцидентот се случил нешто по 20 часот по локално време на местото каде што се одржуваше забавата за фестивалот Лапу Лапу.

    Канадскиот премиер Марк Карни изјави на X: „Потресен сум кога слушнав за ужасните настани на фестивалот Лапу Лапу во Ванкувер вечерва“.

    Градоначалникот на Ванкувер Кен Сим и премиерот на Британска Колумбија Дејвид Еби објавија слични коментари на X.
    Еден сведок изјави за канадската телевизија дека видел црно возило кое непредвидливо вози во областа на фестивалот непосредно пред да удри во масата народ. Џегмит Синг, лидер на опозициската канадска Нова демократска партија, беше меѓу присутните на настанот, но заминал неколку минути пред да дојде возилото. Весникот „Ванкувер сан“ објави дека илјадници луѓе биле во областа.

    Федералните избори во Канада се одржуваат утре (28 април). Шефот на полицијата рече дека не знае дали инцидентот има врска со претстојните федерални избори.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира