ОД 3 МАЈ „ВИЗЕР“ СТАРТУВА СО ЛЕТОВИ ОД СКОПЈЕ ДО БАРСЕЛОНА И ДО ЛИОН

    ОД 3 МАЈ „ВИЗЕР“ СТАРТУВА СО ЛЕТОВИ ОД СКОПЈЕ ДО БАРСЕЛОНА И ДО ЛИОНОд Скопје до Барселона ќе се лета два пати неделно во вторник и сабота, а до Лион три пати неделно и тоа во вторник, четврток и сабота.(Фото: СДК.МК)

    Од сабота, 3 мај авиокомпанијата „Визер“ почнува со летови од Меѓународниот аеродром Скопје до Барселона и Лион. Овие летови „Визер“ го воведува со субвенционирање од Владата односно ќе добива субвенцијата од 9 евра по патник на доаѓање на Скопскиот аеродром.

    Од Скопје до Барселона ќе се лета два пати неделно во вторник и сабота, а до Лион три пати неделно и тоа во вторник, четврток и сабота.

    По тригодишна пауза пак ги поврзуваме Скопје и Барселона по воздушен пат. Враќањето на оваа линија е резултат на заедничка визија, соработка и силна заложба од страна на нашите партнери Владата и ‘Визер‘, изјави денес на прес-конференција на Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија.

    Меѓународниот аеродром Скопје првпат се поврзува со Лион. Како што рече Курт планирани се и дестинациите на шпанското и италијанското крајбрежје, враќање на авионската линија кон Ларнака во Кипар, како и воведување директни линии кон Прага и Мадрид.

    Со финансиска поддршка од Владата, кон крајот на март требаше да започне и летот Скопје – Дубаи со „ФлајДубаи“, но е одложен за наесен. Според раководството на ТАВ, укинувањето на визите од Обединетите Арапски емирати ќе донесе многу патници на најавената линија.

    Авиокомпанијата „Визер“ од Скопскиот аеродром лани укина шест авиолинии, а година ќе воведе нови три односно Барселона, Лион и Штутгарт. Со почетокот на зимската сезона на летање укинати беа летовите до Келн, Копенхаген и Стокхолм-Скавста, после Божиќ летот до Бремен, а од април е прекината и продажбата на билети за Салцбург. Луксембург беше укинат кон средината на јануари годинава после само два месеци летање.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира