ДРЖАВНИОТ ИНСПЕКТОРАТ Е НАДЛЕЖЕН ЗА ИСПЛАТА НА ПЛАТИ И ДАЛИ СЕ ПОД ЗАКОНСКИОТ МИНИМУМ, РЕЧЕ ДИРЕКТОРКАТА НА УЈП ЕЛЕНА ПЕТРОВА НА ТРИБИНА ВО ШТИП

    ДРЖАВНИОТ ИНСПЕКТОРАТ Е НАДЛЕЖЕН ЗА ИСПЛАТА НА ПЛАТИ И ДАЛИ СЕ ПОД ЗАКОНСКИОТ МИНИМУМ, РЕЧЕ ДИРЕКТОРКАТА НА УЈП ЕЛЕНА ПЕТРОВА НА ТРИБИНА ВО ШТИППетрова денеска на Економскиот факултет во Штип учествуваше на трибина по повод 33-годишнината од монетарното осомостојување на Македонија. (Фото: СДК.МК)

    Исплатата на плати и дали се под законскиот минимум е надлежност на Државниот инспекторат за труд, а не на Управата за јавни приходи (УЈП), кажа дирекорката на УЈП, Елена Петрова.

    „Надлежноста на УЈП е во делот на пресметките на плата и сѐ она што е регулирано со Законот за придонеси за задолжително социјално осигурување и соодветниот правилник. Надлежностите на УЈП се однесуваат на контрола на точноста на пресметките на придонесите и данокот и спроведување на мерки за присилна наплата и други казнени мерки во однос на пресметките кои не се поднесени и не се платени“, кажа Петрова.

    Таа денеска на Економскиот факултет во Штип учествуваше на трибина по повод 33-годишнината од монетарното осамостојување на Македонија.

    „УЈП има склучено договор за соработка со Државниот инспекторат за труд и редовно, на месечна основа, по приемот на пресметките за плата, УЈП ги доставува сите податоци до Државниот инспекторат за труд за да може да делуваат и тие навремено во делокругот на нивните надлежности, а кои се однесуваат и во делот на работничките права“, вели Петрова.

    Пред студентите таа рече дека денес имаме современа УЈП.

    „Ако пред 30 години УЈП била перцепирана од даночните обврзници како орган кој само врши контрола и сее страв, денес современата и дигитализирана УЈП е перцепирана како сервис на фирмите и на граѓаните кои добиваат поддршка, помош и информации за да се работи законски и да се има навремено плаќање на даноците“, кажа Петрова.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира