ЗОРАН ДИМИТРИЕВСКИ И КОЛЕШКИТЕ ОД СКОПСКА АПЕЛАЦИЈА ТАТЈАНА ДУКОВСКА И МАЈА МАРКОВА ИЗБРАНИ ЗА ВРХОВНИ СУДИИ

    ЗОРАН ДИМИТРИЕВСКИ И КОЛЕШКИТЕ ОД СКОПСКА АПЕЛАЦИЈА ТАТЈАНА ДУКОВСКА И МАЈА МАРКОВА ИЗБРАНИ ЗА ВРХОВНИ СУДИИСудиите од Скопска Апелација кои денеска беа избрани за судии во Врховниот суд: Маја Маркова, Зоран Димитриевски и Татјана Дуковска (СДК.МК)

    Судијата од Апелациониот суд Скопје Зоран Димитриевски, буквално со поздравен говор од сите членови на Судскиот совет, почнувајќи од врховниот судија Исамедин Лимани, денеска е избран за врховен судија. Без Димитриевски повеќе години не се прави закон од кривичната област, тој е едукатор и творец на многу научни трудови, но и помагач и консултант на сите судии колеги кои му се обраќаат за совет. Членот Миљазим Мустафа кажа дека е жива енциклопедија од областа на правото и законите.

    Тој неколкупати конкурира за Врховниот суд, но огласите беа одолговлекувани или тој не беше изгласуван, поради партиски пазарења.

    Потоа сите сакаа да кажат за него најпофални зборови и кажаа. Му честитаа сите членови на Советот, а судиите меѓу нив му оддадоа признание.

    По него, за кривичната област беше избрана и колешката Татјана Дуковска. Таа е долгогодишна судијка која како портпарол на дотогаш затворениот Апелационен суд Скопје ги отвори вратите на сите новинари. Исто како и Димитриевски, и таа почнала со градењето кариера од првото ниво, од основните судови.

    За граѓанската област во Врховниот суд доверба од членовите доби апелационата судијка Маја Маркова. Таа е повеќегодишна судијка во Скопска Апелација, беше највисокободувана од сите противкандидати–граѓанци за Врховниот суд.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира