СО „ТАНЕЦ“ И ИЗЛОЖБА ЗА КЕНЗО ТАНГЕ, МАКЕДОНИЈА ГО ОТВОРИ ПАВИЛЈОНОТ НА ЕКСПО 2025 ВО ОСАКА

    СО „ТАНЕЦ“ И ИЗЛОЖБА ЗА КЕНЗО ТАНГЕ, МАКЕДОНИЈА ГО ОТВОРИ ПАВИЛЈОНОТ НА ЕКСПО 2025 ВО ОСАКАОд настапот на „Танец„ во Осака, Јапонија. (Фото: Министерство за култура)

    Со настап на Ансамблот „Танец“ и изложба посветена на Кензо Танге, Македонија се претстави на „ЕКСПО 2025“ во Осака, Јапонија, соопшти Министерството за култура.

    „ЕКСПО е место каде што светот се среќава – преку иновации, култура и визија за иднината. Нашето присуство тука е увертира за сето она што ќе го претставиме во наредниот период. Македонија денеска настапува со срце отворено кон светот – горда на своето наследство и насочена кон иднината“, рече министерот за култура и туризам Љутков.

    Од Министерството велат дека големо внимание кај македонскиот павилјон привлекла изложбата посветена на јапонскиот архитект Кензо Танге, визионерот што го проектираше Скопје по земјотрес во 1963. На изложбата дошол и неговиот син Пол Танге.

    Синот на Кензо, Пол Танге на изложбата (Фото: Министерство за култура)

    „Со оглед на тоа што оваа, 2025 година одбележуваме 60 години од изработката на проектот на Кензо Танге за ново Скопје, изложбената поставка прикажува избор на авторски цртежи, проектна документација, историски фотографии, како и тродимензионален архитектонски модел, кој на апстрактен начин ја доловува неговата замисла“, рече Љутков.

    Во владината делегација се и министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцински и генералниот секретар на Владата Игор Јанушев.

    Како дел од културната програма, предвидено е на 8 Септември, да настапат оперските пејачи Ана и Игор Дурловски, Кирил Џајковски и Владимир Четкар.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира