ТРАМП ГО СМЕНИ СОВЕТНИКОТ ЗА НАЦИОНАЛНА БЕЗБЕДНОСТ МАЈК ВОЛЦ

    ТРАМП ГО СМЕНИ СОВЕТНИКОТ ЗА НАЦИОНАЛНА БЕЗБЕДНОСТ МАЈК ВОЛЦВолц се соочи со големи критики во Белата куќа по скандалот со апликацијата Сигнал (Фото: АП)

    Советникот за национална безбедност на Доналд Трамп, Мајк Волц, ќе поднесе оставка откако бил принуден на тоа, изјавија четири добро упатени извори за „Ројтерс“. Тоа е прв голем потрес во блискиот круг на Трамп од неговото враќање во Белата куќа во јануари.

    Покрај Волц, заминува и неговиот заменик Алекс Вонг, експерт за Азија кој во првиот мандат на Трамп беше фокусиран на Северна Кореја.

    Волц се соочи со големи критики во Белата куќа по скандалот со апликацијата Сигнал, каде што тој и други високи функционери отворено разговараа за воени планови, што протече во јавност. Волц тогаш призна дека тој ја направил групата за разговор на Сигнал и дека во неа по грешка го вклучил уредникот на магазинот „Атлантик“.

    Засега е нејасно кој ќе го замени Волц, но еден од главните кандидати е специјалниот пратеник за Блиски Исток, Стив Виткоф, кој е активно вклучен во мировните разговори за Украина.

    Советник за национална безбедност е моќна улога за која не е потребна потврда од Сенатот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира