ПОЛИГОНОТ ЗА РАКЕТИТЕ НА ИЛОН МАСК ВО ТЕКСАС ДОБИ СТАТУС НА ГРАД НАРЕЧЕН СТАРБЕЈЗ

    ПОЛИГОНОТ ЗА РАКЕТИТЕ НА ИЛОН МАСК ВО ТЕКСАС ДОБИ СТАТУС НА ГРАД НАРЕЧЕН СТАРБЕЈЗМаск првпат ја изложи идејата за Старбејз во 2021 (Фото: АП)

    Домот на ракетната компанија „СпејсЕкс“ на Илон Маск во јужен Тексас и официјално стана град, чие име е Старбејз. Тоа беше одобрено од малата група гласачи која живее тука и повеќето се вработени во „СпејсЕкс“.

    Според резултатите од вчерашното гласање, 212 биле „за“ и само шест имало „против“.

    Тоа е сега вистински град“, прослави Маск на својата социјална мрежа Икс.

    Старбејз е објект и полигон за лансирање на ракетната програма на „СпејсЕкс“ под договор со министерството за одбрана и НАСА. Маск првпат ја изложи идејата за Старбејз во 2021. Од 283 лица со право на глас во областа, најголем дел се локални работници.

    Градот се наоѓа близу границата со Мексико и се простира на само четири квадратни километри.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира