ТРАМП НАРЕДИ ПОВТОРНО ДА СЕ ОТВОРИ ЗАТВОРОТ АЛКАТРАЗ, КОЈ НЕ РАБОТИ ОД 1963

    ТРАМП НАРЕДИ ПОВТОРНО ДА СЕ ОТВОРИ ЗАТВОРОТ АЛКАТРАЗ, КОЈ НЕ РАБОТИ ОД 1963Алкатраз бил затворен зашто натамошното работење било прескапо (Фото: Гети)

    Доналд Трамп изјави дека ѝ наредил на владата повторно да го отвори и прошири некогашниот затвор Алкатраз, сместен на остров близу мостот Голден гејт во Сан Франциско. Тој кажа дека Америка премногу долго е преплавена со „злобни и насилни престапници кои ги повторуваат своите дела“.

    Повторното отворање на Алкатраз ќе служи како симбол на закон, ред и правда“, напиша Трамп на својата социјална мрежа.

    Водечките демократи кажаа дека предлогот на Трамп не е сериозен. Затворот со максимално обезбедување познат како Карпа беше затворен во 1963 и оттогаш е туристичка атракција.

    Денеска му наредив на Бирото за затвори, заедно со министерството за правда и ФБИ, повторно да го отвори Алкатраз, да го обнови и прошири. Затворот ќе стане дом на најбезмилосните и најнасилни американски престапници“, кажа Трамп.

    Алкатраз првично бил поморска утврда, а во почетокот на 20. век бил претворен во воен затвор. Министерството за правда го презел во 1930-тите, по што бил вклучен во федералниот затворски систем и тука лежеле некои од најозлогласените американски гангстери, како Ал Капоне. Алкатраз бил затворен зашто натамошното работење било прескапо и експертите велат дека повторното отворање ќе чини многу пари.

    Во постојните федерални затвори има многу слободни места, па нема потреба од нов затвор. Алкатраз имал репутација на строг затвор и Трамп сака да испрати порака дека неговата влада ќе биде цврста со криминалот“, изјави Габриел Џек Џин, професор по право на Универзитетот Калифорнија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира