ТРАМП НАЈАВИ ЦАРИНИ ОД 100% ЗА СИТЕ НЕАМЕРИКАНСКИ ФИЛМОВИ

    ТРАМП НАЈАВИ ЦАРИНИ ОД 100% ЗА СИТЕ НЕАМЕРИКАНСКИ ФИЛМОВИТрамп не појасни дали царините ќе се однесуваат и на американските продукциски компании кои снимаат во странство (Фото: Гети)

    Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека ќе воведе царини од 100% за сите филмови кои се снимени во странство. Тој кажа дека ја наложил оваа мерка зашто американската филмска индустрија умира со многу брза смрт.

    Трамп ги обвини другите земји дека со заеднички напори нудат стимулации за привлекување филмаџии и студија, што го опиша како „закана за националната безбедност“.

    „Тоа е уште еден облик на пропаганда. Сакаме филмовите повторно да се снимаат во Америка“, рече Трамп.

    Деталите засега не се јасни. Во изјавата на Трамп не е прецизирано дали царините ќе се однесуваат и на американските продукциски компании кои снимаат во странство. Неколку големи холивудски хитови во последно време се снимени надвор од САД, како „Гладијатор 2“, „Злобница“ и „Дедпул и Вулверин“. Нејасно е и дали царините ќе важат за филмовите на стриминг сервисите.

    Пред својата инаугурација, Трамп ги назначи филмските ѕвезди Мел Гибсон, Џон Војт и Силвестер Сталоне за специјални амбасадори за враќање на стариот сјај на Холивуд.

    Откако се врати во Белата куќа, Трамп постојано воведува царини, за кои смета дека ќе го зголемат производството во САД и ќе ги заштитат работните места.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира