Спортската сала „Јане Сандански“ во Скопје вечерва беше евакуирана за време на концертот на српскиот пејач Пеѓа Јовановиќ поради дојава на бомба.
„Денеска во 18.49 часот непознато лице телефонски се јавило во СВР Скопје и рекло дека во салата ‘Јане Сандански’ во Скопје, каде вечерва беше закажан музички концерт, има поставено бомба. Веднаш се преземени соодветни мерки и присутните во салата се безбедно евакуирани. Во 21.18 часот завршени се антитерористичките проверки при што утврдено е дека се работи за лажна дојава и концертот ќе продолжи“, соопшти МВР.
Според гости од публиката кои се јавија во нашата редакција, вратите во салата биле отворени во 19 часот. Кога стигнала дојавата за бомба, на тие што биле внатре им кажале сите да брзо да излезат од салата, а на тие што биле надвор, им кажале да не влегуваат. Публиката е сѐ уште надвор и чекаат инструкции.
М. ЏАРОВСКА