УШТЕ ПОНЕЈАСНО СТАНА ЗОШТО Е УБИЕНА ВАЊА, ОТКАКО ОБВИНИТЕЛСТВОТО ОБЈАВИ ВИДЕОСНИМКА ДЕКА КОГА ТРГНУВААТ ОБВИНЕТИТЕ ДА ЈА ГРАБААТ ЗА ОТКУП, ЗЕМААТ И ЛОПАТА СО НИВ

    УШТЕ ПОНЕЈАСНО СТАНА ЗОШТО Е УБИЕНА ВАЊА, ОТКАКО ОБВИНИТЕЛСТВОТО ОБЈАВИ ВИДЕОСНИМКА ДЕКА КОГА ТРГНУВААТ ОБВИНЕТИТЕ ДА ЈА ГРАБААТ ЗА ОТКУП, ЗЕМААТ И ЛОПАТА СО НИВСудењето за грабнувањата и убиствата на Панче Жежовски и Вања Ѓорчевска е при крај. (Фото: СДК.МК)

    На крајот на судењето, уште понејасно стана зошто е убиено 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје, откако денеска застапничките на обвинението објавија необјавена снимка од 24.11.2023 година, кога бил првиот неуспешен обид за грабнувањето на детето.

    „Од оваа снимка ќе се види дека обвинетите всушност уште веднаш имале намера да го убијат детето Вања”, кажа обвинителката Ана Димитриевска.

    На снимката се гледа дека само што кај 3 часот сабајле на 24.11.2023 обвинетите Велибор Манев и Боре Видевски со пикап „рено кангу” тргнуваат на пат кон Велес, од каде се оди и за Скопје, тие се враќаат на портата на куќата на Манев. Се гледа како тој излегува од возилото и за пола минута се враќа со лопата во раката.

    Ја става лопатата и тргнуваат со Боре.

    Во обвинението против Љупчо Палевски – организаторот на грабнувањето и на убиствата на Панче Жежовски и на Вања Ѓорчевска, како и против помагачите и извршители: Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев, стои дека мотивот е користољубие.

    Но, лопатата покажува дека тие веројатно веднаш сакале да ја убијат Вања, уште при првиот неуспешен обид за грабнување.

    А кога на 27.11.2023 тие успешно го киднапираа детето тргнато за на училиште, во влезот на нејзината зграда (изградена на времето од Љупчо Палевски), и го ставија во вреќа и во гепекот на стариот ‘ситроен’ надвор од Скопје, Палевски веднаш го застрелал во главата. 

    Со лопатата ја закопале Вања и ја поклопиле со земја и ѓубре.

    Ни откуп, ни пари побарале за неа.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира