ИЗРАЕЛ СЕ СОГЛАСИ ДА ПУШТИ ХРАНА ВО ГАЗА ПО 10 НЕДЕЛИ БЛОКАДА, ПОЧНУВА НОВА КОПНЕНА ОФАНЗИВА

    ИЗРАЕЛ СЕ СОГЛАСИ ДА ПУШТИ ХРАНА ВО ГАЗА ПО 10 НЕДЕЛИ БЛОКАДА, ПОЧНУВА НОВА КОПНЕНА ОФАНЗИВАОд кабинетот на Нетанјаху кажаа дека целта на олеснувањето на блокадата е да се спречи да се развие кризата со глад (Фото: АП)

    Израел ќе ја ублажи блокадата и ќе дозволи ограничени количества храна да влезат во Газа, додека војската истовремено почнува да ги проширува своите копнени операции во северните и јужните делови на енклавата. Од кабинетот на премиерот Бенјамин Нетанјаху кажаа дека олеснувањето на блокадата, која беше воведена пред десет недели, има за цел да спречи да се развие кризата со глад во Газа.

    Овој потег е направен по препорака на Израелските одбранбени сили. Израел ќе дејствува за да го спречи Хамас да преземе контрола врз дистрибуцијата на хуманитарната помош, со цел таа да не заврши во рацете на терористите“, објави кабинетот на Нетанјаху.

    Израел беше под засилен притисок да ја тргне својата блокада со која не дозволуваше во Газа да влегуваат храна, лекови и гориво. Новата одлука доаѓа откако извори од двете страни кажаа дека не бил постигнат напредок во новата рунда индиректни разговори помеѓу Израел и Хамас во Катар. Нетанјаху изјави дека се разговарало за примирје и за договор за заложниците, но Хамас уште претходно го одбил условот за демилитаризирање на Газа.

    Во исто време, израелската војска започнува со нова копнена офанзива во Газа, откако во прелиминарната фаза нападнала повеќе од 670 мети на Хамас во изминатите недели. Според министерството за здравство на Газа, изминатата недела загинале најмалку 464 Палестинци.

    Целта на новата копнена операција е да се оствари оперативна контрола во делови од Газа. На терен се пет дивизии на израелската војска. Единствената работа што ќе нѐ запре е враќањето на заложниците дома“, соопшти ИДФ.

    Во Газа се наоѓаат уште 58 заложници, од кои само 23 се живи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира