ПО 37 ГОДИНИ СЛУЧАЈНО ПРОНАЈДЕНА БИСТАТА НА ЏИМ МОРИСОН УКРАДЕНА ОД НЕГОВИОТ ГРОБ ВО ПАРИЗ

    ПО 37 ГОДИНИ СЛУЧАЈНО ПРОНАЈДЕНА БИСТАТА НА ЏИМ МОРИСОН УКРАДЕНА ОД НЕГОВИОТ ГРОБ ВО ПАРИЗХрватскиот уметник Младен Микулин ја изработил статуата за да ја одбележи 10-годишнината од смртта на пејачот (Фото: АП)

    Бистата на американскиот пејач Џим Морисон, која беше украдена од неговиот гроб во Париз пред 37 години, е пронајдена случајно, соопшти француската полиција. Статуата на фронтменот на „Дорс“ е пронајдена во Париз во рамките на финансиска и антикорупциска истрага која не е поврзана со кражбата, се вели во објава на Инстаграм.

    Малку информации се објавени за истрагата и не се именувани осомничени за кражбата на статуата на пејачот, кој почина во 1971 година. Полицијата дошла до бистата кога истражувала случај на измама, изјави извор запознат со истрагата.

    Полицијата не нѐ контактираше, па не знам дали бистата ќе ни биде вратена“, кажа кустосот на гробиштата Пер-Лашез.

    Хрватскиот уметник Младен Микулин ја изработил статуата од бел мермер за да ја одбележи 10-годишнината од смртта на пејачот. Таа исчезна во 1988, седум години откако беше поставена на местото. Сликата објавена од француската полиција покажува дека на статуата ѝ недостасуваат устата и носот, како што беше и пред да биде украдена.

    Гробот на Морисон одамна е место каде што неговите обожаватели му оддаваат почит на необичен начин, вклучувајќи графити кои се шират и на соседните надгробни споменици.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира