„АЛКАЛОИД“ ПОТПИША ДОГОВОР СО УНИВЕРЗИТЕТОТ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ ВО ШТИП СО КОЈ СТУДЕНТИТЕ ЌЕ МОЖАТ ДА СЕ ОБУЧУВААТ ВО ЛАБОРАТОРИИТЕ НА КОМПАНИЈАТА

    „АЛКАЛОИД“ ПОТПИША ДОГОВОР СО УНИВЕРЗИТЕТОТ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ ВО ШТИП СО КОЈ СТУДЕНТИТЕ ЌЕ МОЖАТ ДА СЕ ОБУЧУВААТ ВО ЛАБОРАТОРИИТЕ НА КОМПАНИЈАТАГрадоначалникот на Штип, Иван Јорданов, ректорот на УГД, Дејан Мираковски и претставничката на „Алколоид“, Јелена Лазова, на денешното одбележување на 18 години на Универзитетот (Фото: СДК.МК)

    Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип одбележува 18 години постоење под мотото „Партнерство и соработка“ и може да се пофали дека реалниот сектор и стопанството ги апсорбираат сите кадри што се образуваат на УГД, рече ректорот Дејан Мираковски.

    „Со тоа покажуваме дека ние можеме да учиме од стопанството и останатиот реален сектор околу нас, а и секторите можат да ги користат нашите ресурси и со нивна помош да се надоградуваат“ кажа Мираковски.

    Според претставничката на компанијата „Алкалоид“, Јелена Лазова, со најновата соработка која е воспоставена со Универзитетот, студентите кои се во завршна фаза од своето студирање ќе можат да бидат дел од лабораториите на „Алкалоид“ и ќе можат своето знаење да го преточат во пракса.

    „Со Универзитетот во Штип досега имавме соработка преку летно практикантство, докторски и постдипломски студии и размена на знаење, а со потпишувањето на новиот меморандум за соработка почнуваме да реализираме заеднички научно-истражувачки проект кој е од последната регулатива на ЕУ, што ќе се имплементира до 2026 година и се однесува на одржливо пакување фармацевски производи. Тоа ќе биде долг и комплексен проект кој ќе трае пет години и ќе бие спроведен во три фази“, вели Лазова.

    Таа објасни дека кога се зборува за одржливо пакување тоа значи дека од 2030 година треба да се користи материјал кој ќе може да се рециклира, од 2035 материјалот за пакување треба да биде 55-процентно рециклирачки, а од 2038 материјалот на сите фармацевски производи треба да биде целосно рециклирачки.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира