ТОВАРЕН БРОД СЕ НАСУКА ВО ДВОР НА КУЌА ВО НОРВЕШКА

    ТОВАРЕН БРОД СЕ НАСУКА ВО ДВОР НА КУЌА ВО НОРВЕШКАТоварниот брод „НЛЦ Салтен“ се насукал вчера околу 5 часот, откако влегол во фјордот Трондхајм на пат кон западниот град Оркангер. (Фото: Гардијан)

    Норвежанец рече дека доживеал „нереален“ момент кога се разбудил и открил дека брод со контејнери долг 135 метри заринкал во неговата градина. Товарниот брод „НЛЦ Салтен“ се насукал вчера околу 5 часот, откако влегол во фјордот Трондхајм на пат кон западниот град Оркангер.

    Зачуден сосед гледал како бродот, кој возел со брзина од околу 16 јазли (приближно 30 км/ч), се упатува директно кон брегот во градината на Јохан Хелберг и за малку ја избегнал неговата куќа. Хелберг, кој живее во Бајнесет, во близина на Трондхајм, се разбудил зашто соседот му ѕвонел на вратата. Погледнал низ прозорецот и го видел клунот на бродот.

    „Отидов до прозорецот и бев прилично изненаден кога видов голем брод“, изјави Хелберг. „Морав да го свиткам вратот за да го видам неговиот горен дел. Беше толку нереално“.

    „Нормално, бродовите свртуваат лево или десно во фјордот. Но, овој тргнал директно право“, додаде Хелберг, кој живее во куќата 25 години. „Беше многу блиску до куќата“. (Фото: Гардијан)

    На бродот регистриран на Кипар имало 16 членови на екипажот, меѓу кои Норвежани, Литванци, Украинци и Руси. Нема информации за повредени или излевање нафта. Полицијата го истражува инцидентот и идентификуваше еден осомничен на бродот.

    „Нормално, бродовите свртуваат лево или десно во фјордот. Но, овој тргнал директно право“, додаде Хелберг, кој живее во куќата 25 години. „Беше многу блиску до куќата“.

    Пер Кристијан Стоке, портпарол на полициската област Тронделаг, изјави за Норвешката државна телевизија НРК: „На бродот има едно лице кое е идентификувано како осомничено“. Полицијата го интервјуираше екипажот и работи на неколку теории, меѓу кои и технички дефект и човечка грешка.

    Поморската компанија, „Норт Си контејнер лајн (НЦЛ)“ рече дека член на екипажот е осомничен, но тоа е рутинска полициска постапка. Главниот извршен директор на НЦЛ, Бенте Хетланд, рече дека „нема причина да се верува дека ова е намерно“. „Вакви инциденти не треба да се случуваат, а ние започнавме истрага за причините. Ни олесна што нема повредени, а нашиот главен фокус е на луѓето во близина на бродот и нашиот екипаж“, додаде таа.

    Бродот вчера остана заглавен, откако првиот обид за негово отстранување беше неуспешен. Се планираше нов обид во тект на ноќта за време на плимата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира