Осумнаесет лица се повредени во напад со нож на централната железничка станица во Хамбург, за што е уапсена жена. Полицијата кажа дека неколкумина од нив имаат повреди опасни по живот.
Нападот го извршила 39-годишна германска државјанка, која е во притвор и денеска треба да се појави во суд.
„Веруваме дека таа делувала сама и дека немала политички мотиви. Се чини дека таа била во состојба на ментално растројство“, изјави портпаролот на полицијата на Хамбург, Флоријан Абенсет.
Ова е последниот во серијата насилни напади во Германија во изминатите месеци, во кои беа убиени повеќе луѓе.