ФРЕДИ МЕРКЈУРИ ИМАЛ ТАЈНА ЌЕРКА СО КОЈА БИЛ ВО БЛИСКИ ОДНОСИ, ВЕЛИ НОВА БИОГРАФИЈА НА ПЕЈАЧОТ НА „КВИН“

    ФРЕДИ МЕРКЈУРИ ИМАЛ ТАЈНА ЌЕРКА СО КОЈА БИЛ ВО БЛИСКИ ОДНОСИ, ВЕЛИ НОВА БИОГРАФИЈА НА ПЕЈАЧОТ НА „КВИН“Книгата тврди дека детето било зачнато случајно, кога Меркјури имал афера со сопругата на близок пријател во 1976 (Фото: Вајримиџ)

    Фреди Меркјури имал тајна ќерка со која бил во блиски односи до неговата смрт во 1991 година, стои во нова биографија на фронтменот на „Квин“.

    Книгата „Љубов, Фреди“ тврди дека детето било зачнато случајно, кога имал афера со сопругата на близок пријател во 1976 година. Меркјури редовно ја посетувал својата ќерка и ѝ дал 17 тома детални лични дневници, кои таа ги чувала во тајност. Жената позната само како Б, која денес има 48 години и работи како медицинско лице во Европа, ја сподели содржината на дневниците со рок-биографката Лесли-Ен Џонс.

    Фреди Меркјури беше и е мојот татко“, стои во рачно напишано писмо од ќерката на Меркјури, објавено во книгата.

    Имавме многу блиски односи од моментот кога се родив и во последните 15 години од неговиот живот. Тој ме обожаваше и ми беше посветен. Околностите на моето раѓање може да изгледаат, според стандардите на повеќето луѓе, необични, па дури и навредливи. Тоа никогаш не ја намалило неговата посветеност да ме сака и да се грижи за мене“, вели таа.

    Нејзиното постоење му било познато само на најблискиот круг на Меркјури.

    Пејачот почнал да пишува дневници на 20 јуни 1976, кога првпат дознал за бременоста, два дена откако „Квин“ го објавил синглот „You’re My Best Friend“. Последниот запис во дневниците е од 31 јули 1991.

    Во друго писмо вклучено во книгата, Б ги објаснува нејзините причини за споделување на дневниците на Меркјури по 30 години.

    По повеќе од три децении лаги, шпекулации и извртувања, време е да му дозволиме на Фреди да зборува. Оние кои беа свесни за моето постоење ја чуваа неговата најголема тајна поради лојалност кон Фреди. Тој ми ја довери неговата збирка приватни тетратки на мене, на неговото единствено дете“, вели Б.

    Џонс рече дека Б првпат ѝ се обратила пред три години.

    Мојот инстинкт беше да се сомневам во сѐ, но јас сум апсолутно сигурна дека таа не измислува. Никој не би можел да го лажира сето ова“, кажа Џонс за „Дејли мејл“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира