ВОЈНИЦИ ОД МАКЕДОНИЈА, САД И ВЕЛИКА БРИТАНИЈА ЌЕ УЧЕСТВУВААТ НА ВОЕНАТА ВЕЖБА „БРЗ ОДГОВОР“ НА КРИВОЛАК

    ВОЈНИЦИ ОД МАКЕДОНИЈА, САД И ВЕЛИКА БРИТАНИЈА ЌЕ УЧЕСТВУВААТ НА ВОЕНАТА ВЕЖБА „БРЗ ОДГОВОР“ НА КРИВОЛАКВежбата ќе трае до 9 јуни и на неа ќе учествуваат 2.000 војници. (Фото: Министерство за одбрана)

    Од денес до 9 јуни, на полигонот Криволак ќе се одржи воената вежбата „Брз одговор 2025“, на која ќе учествуваат повеќе од 2.000 војници од Македонија,САД, Црна Гора, Косово, Австрија, Грција, Албанија, Италија и Обединетото Кралство. Вежбата ја тестира способноста на НАТО да одговори на развојните безбедносни закани, вклучувајќи и сајбер напади, служејќи како важна платформа за усовршување на мултинационалната соработка и потврдување на подготвеноста на силите-учеснички да го споделат товарот во сложени и спорни средини.

    Брз одговор 2025 е јасен доказ за блиското и растечко партнерство меѓу Соединетите Американски Држави и Северна Македонија. Преку заеднички обуки, ангажирање во заедницата и соработка со нашите НАТО сојузници, ја зајакнуваме нашата колективна посветеност на мирот и безбедноста. Овие вежби ја подобруваат воената подготвеност и ги зближуваат нашите заедници“, рече амбасадорката на САД Анџела Агелер.

    Брз одговор 2025 коинцидира со 32-годишнината од Програмата на партнерски сојузни држави помеѓу Националната гарда на Вермонт и Северна Македонија, под покровителство на Бирото на Националната Гарда на САД. Ова е значаен исчекор во партнерството засновано врз заеднички вредности.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира