Собранието ноќеска со 68 гласа „за“ и 16 „против“ го избра Трајко Славески од ВМРО-ДПМНЕ за нов гувернер на Народната банка на Република Северна Македонија (НБРСМ).
Славески, универзитетски професор на Економскиот факултет во Скопје, како партиски човек ја наследува Анита Бежовска-Ангеловска, експертка без политичка припадност, како што бара Законот за Народна банка на РСМ за местото гувернер на централната банка. Тој е член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, а доаѓа од функцијата претседател на Советот на Град Скопје. Беше министер за финансии во владата на Никола Груевски.
Со изборот на Славески, се партизира една од најважните институции во државата, критикуваше опозицијата.
Славески е предлог на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.
Законот за НБРСМ пропишува дека и вицегувернерот не смее да биде член на политичка партија.