ДОДЕКА НАЈСИРОМАШНАТА ЧЛЕНКА НА ЕУ БУГАРИЈА СЕ СПРЕМА ЗА ВЛЕЗ ВО ЕВРОЗОНАТА, ЕКОНОМСКИ СИЛНАТА ПОЛСКА НЕ НИ РАЗМИСЛУВА ЗА ТОА

    ДОДЕКА НАЈСИРОМАШНАТА ЧЛЕНКА НА ЕУ БУГАРИЈА СЕ СПРЕМА ЗА ВЛЕЗ ВО ЕВРОЗОНАТА, ЕКОНОМСКИ СИЛНАТА ПОЛСКА НЕ НИ РАЗМИСЛУВА ЗА ТОАИлјадници луѓе протестираа против воведувањето на еврото во Софија на 31 мај (Фото: Гети)

    И додека најсиромашната членка на ЕУ Бугарија се подготвува за влез во еврозоната, економската ѕвезда на блокот Полска е подалеку од кога било од прифаќањето на еврото.

    Се очекува Европската централна банка денеска да даде зелено светло за прием на Бугарија во еврозоната на 1 јануари 2026 како нејзина 21. членка. И покрај внатрешните политички поделби, земјата одамна изрази посветеност кон приклучување на заедничката валута, врзувајќи го левот со еврото уште во 1999.

    За разлика од Бугарија, Полска нема интерес да се приклучи на еврозоната, што Брисел многу би го сакал. По победата на десничарот Карол Навроцки на претседателските избори, ова се чини уште помалку веројатно.

    Полска бележи три децении постојан економски раст, нејзината берза е во подем, а за оваа година се предвидува раст на бруто домашниот производ од 3,2%, што значително го надминува просекот од 0,8% во еврозоната.

    Иако е задолжително за земјите од ЕУ да вложат напори за приклучување кон заедничката валута, Полска не крие дека нема желба за тоа. Дури и откако по осум години доби проевропска влада на чело со Доналд Туск во 2023, Полска рече дека не е подготвена да влезе во еврозоната. Со Навроцки како претседател, таа перспектива е уште помрачна.

    Јас лично сум против елиминацијата на полската валута. Гласот за мене е исто така глас за полската злота и нашиот суверенитет“, кажа Навроцки во кампањата.

    И гувернерот на централната банка Адам Глапињски е против еврото. Неговиот мандат истекува во 2027, но Навроцки ќе го именува неговиот наследник, со што евроскептицизмот во банкарскиот сектор ќе продолжи уште барем шест години потоа.

    Иако повеќе од половина од Полјаците ја прифаќаат заедничката валута, 70% рекле дека земјата не е спремна за влез во еврозоната.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира