РУСИЈА ЌЕ ОДГОВОРИ НА ПОСЛЕДНИТЕ УКРАИНСКИ НАПАДИ КАКО И КОГА Ѝ ОДГОВАРА, КАЖА КРЕМЉ

    РУСИЈА ЌЕ ОДГОВОРИ НА ПОСЛЕДНИТЕ УКРАИНСКИ НАПАДИ КАКО И КОГА Ѝ ОДГОВАРА, КАЖА КРЕМЉСателитски снимки покажуваат уништени авиони во воздушната база Белаја во Сибир (Фото: Максар)

    Русија ќе одговори на последните украински напади кога и како ѝ одговара на руската војска, кажа Кремљ, обвинувајќи го Киев за државен тероризам. Москва потврди дека Владимир Путин му рекол на Доналд Трамп дека ќе има одмазда.

    Украина употреби над 100 дронови за да го изведе најамбициозниот напад врз Русија од почетокот на војната, чија мета беа четири воздушни бази, при што биле уништени или оштетени 40 воени авиони. Русија исто така ја обвини Украина дека разнела два железнички моста на југот на земјата, при што загинале седуммина луѓе.

    Претседателот Путин го опиша киевскиот режим како терористички зашто тој дал наредба и заповед да се разнесе патнички воз. Тоа не е ништо друго освен државен тероризам“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, додавајќи дека Путин и натаму поддржува разговори на високо ниво со Украина.

    Русија досега не понудила докази дека украинските лидери наредиле напади врз руската железница во пограничните региони Курск и Брјанск, а Киев нема преземено одговорност за тоа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира