ТРЕБА ДА ГИ ОСТАВИМЕ УКРАИНА И РУСИЈА МАЛКУ ДА СЕ ТЕПААТ, ПА ДА ГИ РАЗДЕЛИМЕ, КАЖА ТРАМП НА СРЕДБАТА СО МЕРЦ

    ТРЕБА ДА ГИ ОСТАВИМЕ УКРАИНА И РУСИЈА МАЛКУ ДА СЕ ТЕПААТ, ПА ДА ГИ РАЗДЕЛИМЕ, КАЖА ТРАМП НА СРЕДБАТА СО МЕРЦМерц му кажа на Трамп дека треба повеќе да ја притисне Русија (Фото: АП)

    Доналд Трамп изјави на средбата со германскиот канцелар Фридрих Мерц во Белата куќа дека можеби е подобро да ги остават Украина и Русија да се борат некое време, пред да ги разделат и да се стремат кон мир. Тој ја спореди војната со тепачка на две мали деца кои се мразат.

    Украина беше една од темите на гостувањето на Мерц, кој не ја доживеа судбината на Володимир Зеленски и јужноафриканскиот претседател Сирил Рамафоса, кои беа начекани во заседа во Белата куќа. Двајцата лидери се согласија дека е многу тажно она што се случува во Украина и дека наоѓаат начини за нејзино завршување, но Мерц му кажа на Трамп дека треба повеќе да ја притисне Русија.

    Не верувам дека Путин игра игри, но мислам дека ја сака целата Украина“, кажа Трамп и го обвини Џо Бајден за почетокот на инвазијата.

    Мерц кажа дека двајцата се на страната на Украина, која напаѓа само воени цели, а не цивили.

    Германскиот канцелар му подари на Трамп копија од изводот на родените на неговиот дедо Фридрих Трамп. Тој емигрирал во САД во 1885 и прво се населил во Њујорк, каде што во тоа време имало голем прилив на германски имигранти. Фридрих Трамп починал во 1918, кога неговиот син Фред имал само три години.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира