УЗБЕКИСТАН И ЈОРДАН ЗА ПРВПАТ СЕ ПЛАСИРАА НА СВЕТСКО ФУДБАЛСКО ПРВЕНСТВО

    УЗБЕКИСТАН И ЈОРДАН ЗА ПРВПАТ СЕ ПЛАСИРАА НА СВЕТСКО ФУДБАЛСКО ПРВЕНСТВОУзбекистан го потврди историскиот пласман со ремито 0:0 со Обединетите Арапски Емирати (Фото: АФП)

    Узбекистан и Јордан за првпат ќе играат на светско фудбалско првенство, чие следно издание ќе се одржи догодина во САД, Канада и Мексико, и тоа во проширен состав со 48 репрезентации. Покрај нив, од Азија се квалификуваше и редовниот учесник Јужна Кореја.

    Узбекистан го потврди историскиот пласман со ремито 0:0 со Обединетите Арапски Емирати, со што го обезбеди едно од првите два места во својата квалификациска група, заедно со Иран.

    Јужна Кореја го победи Ирак со 2:0, резултат што му одеше во прилог на Јордан, кој со тоа за првпат ќе биде дел од еден мундијал.

    Узбекистан, кој се здоби со независност во 1991 по распадот на Советскиот Сојуз, ги почна квалификациите со бившиот селектор на Македонија Сречко Катанец на клупата, но тој се повлече од функцијата во јануари откако објави дека има рак. Главните ѕвезди во тимот се бекот на Манчестер сити Абдукодир Хусанов и напаѓачот на Рома, Елдор Шомуродов.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира